Кошаркарскиот клуб Дубаи дебитираше на европската сцена во сезоната 2024/25 со „проверен“ состав исполнет со кошаркари од поранешна Југославија. Откако се покажа одлично во Еврокупот и АБА лигата, перспективниот проект доби и место во Евролигата за новата сезона во која одново ќе може да смета на услугите на барем еден Србин.
Станува збор за Немања Дангубиќ чиј договор денеска официјално беше продолжен и за новата сезона. Тоа за српскиот кошаркар значи и враќање во најелитното кошаркарско првенство по шестгодишна пауза откако претходно настапуваше за Црвена Звезда и Баерн Минхен.
Back for more — Nemanja Dangubić, the glue guy, is staying in Dubai 💥 pic.twitter.com/2POBQTCY0m
— Dubai Basketball (@dubaibasket) June 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

