Роџер Федерер и Рафаел Надал над десет години важат за најголеми ривали на тениските терени, па токму затоа интересен беше вчерашниот меч од „Лејвер купот“ во Прага во кој Швајцарецот и Шпанецот заиграа заедно дубл, за првпат во нивните фантастични кариери.
Тие ги бранат боите на Европа во дуелот против „остатокот од светот“, па по победите во сингл прифатија заедно да настапат и во дубл, излегувајќи на мегдан со Американците Квери и Сок, триумфирајќи со 2-1 во сетови.
На моменти невоиграноста беше очигледна, но тоа и не е преголем проблем кога одд иста страна на мрежата се наоѓаат двајцата најдобри тенисери на денешницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА