Откако Балогун со двата гола за само 18 минути успеа да донесе предност од 2-0 против европскиот првак ПСЖ, малкумина кои веруваа дека не само дека ќе победи со пресврт од 2-3, туку дека тимот од Париз ќе го избегне поразот.
Балогун го најде патот до мрежата за само 55 секунди откако доби топка од левата страна, и погоди со глава во мрежата. Во 18. минута истиот фудбалер по една акција излезе во добра позиција и го „матираше“ Сафонов.
На повидок беше големо изненадување, а потоа се мислеше дека проблемите на ПСЖ се зголемуваат по повредата на Дембеле. Но, се случи спротивното.
На негово место влезе Дуе, кој учествуваше во сите три голови за пресврт на гостите. Претходно Витиња промаши пенал, односно Кон му го одбрани, но тоа не влијаеше психолошки врз избраниците на Луис Енрике кои го почнаа своето шоу за пресврт.
Дуе во 29. минута со силен удар по асистенција на Баркола го совлада Кон, и намали. Дуе во 41. минута му асистира на Хакими кој успеа да израмни. Самиот Дуе во 67. минута ги постави конечните 2-3, откако претходно ПСЖ имаше играч повеќе по исклучувањето на Головин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

