ПСЖ излезе како победник во градското дерби против Париз во 17. коло од француската Лига 1, и така се доближи на бод до водечкиот Ленс на табелата. И покрај тоа што се очекуваше лесен триумф, сепак, на крајот европскиот првак требаше добро да се намачи да дојде до трите бода.
Дуе во последната минута од првиот дел донесе предност за ПСЖ. Во 51. минута Гебелс од пенал успеа да го израмни резултатот.
Гостинската радост траеше само две минути, откако Дембеле успеа да постигне гол, и ПСЖ да поведе, на крајот да дојде и до победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

