Дуелот Елмас – Ристовски откажан поради Covid-19

Стефан Ристовски и Елиф Елмас требаше да играат еден против друг вечерва на пријателскиот дуел меѓу Спортинг Лисабон и Наполи, но мечот е откажан поради присуство на коронавирус во редовите на португалскиот тим.

Синоќа беше обелоденето дека тројца фудбалери на Спортинг се позитивни на Covid-19, Борха, Нуњо Сантош и Родриго Фернандеш беа ставени во самоизолација и се очекуваше вечерашниот дуел да се одигра според планираното. Сепак, новите тестирања во португалскиот клуб покажаа дека има уште два нови позитивни случаи, по што беше донесена одлука дека одигрувањето на мечот со Наполи е преголем ризик.

Овој натпревар требаше да биде „генералка“ за Наполи пред стартот на новата сезона, па останува да се види дали „наполитанците“ ќе успеат да организираат нов меч што би претставувал увертира за новиот шампионат во Серија А.

 

Се вчитува...