Пресметката на двете кадетски селекции, Македонија А и Македонија Б, заврши без победник, 22-22, како дел од турнирот што се одржува во салата „Автокоманда“ во Скопје.
Интересно, Б-селекцијата прикажа подобра игра на денешниот натпревар, имаше водство во речиси целиот меч, но А-тимот успеа да се врати од „минус четири“ (15-19) и на крајот да стигне до ремито.
Со денешното реми, Македонија Б и дефинитивно го освои второто место на турнирот, зад селекцијата на Србија. Нашата „прва селекција“ потфрли на овој турнир, на крајот освојувајќи го само четвртото место, со само една победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА