Дуелот на Македонците во Чешка со среќен крај за Ристовски

22. коло од чешкото првенство донесе и македонски дуел каде на едната страна се најдоа Андреј Стојчевски и Тихомир Костадинов, а на другата  Милан Ристовски за нивните Словачко, односно Бохемианс.

Натпреварот заврши со резултат 1-2 во полза на Милан Ристовски и Бохемианс, а Македонците овој пат не успеаја да ја затресат мрежата.

Стојчевски и Ристовски добија шанса од првата минута на средбата, додека Костадинов влезе во игра на стартот на второто полувреме.

Се вчитува...