Дуелот на отпишаните за Струмица

Струмица стигна до првата победа во плејаутот откако во 3. коло славеше против Куманово со 91-92 во натпревар без никакво резултатско значење со оглед на тоа што и двата тима следната сезона ќе се натпреваруваат во второлигашката кошарка.

На отварањето на средбата одбраната беше во втор план, а подобро се најдоа кумановци кои во еден момент имаа и предност од 10 поени (19-9). Сепак струмичани успеаја да ја преполоват негативата (23-19) до крајот на првата четвртина и да го продолжат ритамот до крајот на првото полувреме за предност од 47-49.

По изедначената игра во третата четвртина гостите повторно беа оние кои ја отворија четвртината во предност од еден напад (65-68), а и покрај тоа што во еден момент имаа +13 (71-84) победникот беше одлучен во последните 30 секунди од мечот кога по поените на Волкановски за 88-90, Марјановиќ промаши на спротивната страна, а мирната рака на центарот донесе недостижни „плус“ четири.

Со 31 поен и 14 скокови лидер на Куманово беше Глигоријевиќ, додека 18 поени и 5 скока дополни Јовановиќ. Со 22 поени Струмица ја предводеше Волкановски, а 20 поени и 16 скокови дополни Обуквели.

Се вчитува...