Духот на Марадона се појави на „Супер-класико“ на „Ла Бомбоњера“: Топката одеше во голот, а потоа следеше чудно „ефе“ (ВИДЕО)

Синоќа се одигра „Супер-класико“ помеѓу Бока јуниорс и Ривер Плата, а овој натпревар заврши со резултат од 1-1. Дербито на „Ла Бобомоњера“ го одбележа нереална ситуација во последните минути на натпреварот. Гостинскиот тим за момент помисли дека го постигна вториот гол за голема победа, но тогаш како да се случи магија на голот на Бока.

Имено, кога топката се движеше во правец на голот, доби навистина чудно „ефе“, па не ја помина гол линијата и не влезе во мрежата на Бока. Објаснувањата на најголем дел од навивачите на овој тим беа дека „виновник“ за тоа бил духот на легендарниот Марадона, кој не дозволил неговиот тим да загуби во големото дерби.

Инаку, домашниот тим водеше со голот на Вилја од белата точка, а конечниот резултат го постави Палавечино. Двете екипи го завршија натпреварот со играч помалку.

 

 

Се вчитува...