Дујшебаев лојален на Киелце: Ќе потпишам на уште 10 години без да видам што ми нудат…

Талант Дујшебајев ја почна и 12. сезона како тренер на Киелце, период во кој шпанскиот стратег го искачи полскиот тим на врвот ан ракометна Европа, но и остана на чело на овој проект и во периодот на најголемата финансиска криза.

Клубот сега се стабилизираше на финансиски план, но синовите Алекс и Дани Дујшебаеви најавија дека наредното лето сигурно ќе го напуштат клубот во потрага по нови предизвици во своите кариери. Сепак, кога Талант во прашање, за него нема дилема – својата иднина ја гледа во Киелце и е подготвен да потпише нов договор (актуелниот му истекува во јуни 2027 година).

„Не сум го сменил мислењето, тоа нема да се случи. Почнавме нов проект, градиме нова екипа, остануваме на високо ниво, како на играчки, така и на организациски план. Клубовите кои атакуваат на пехарот во ЛШ имаат многу поголеми буџети од нас, затоа е важно да продолжиме да растеме. Јас сакам да останам, тука енма нинкаква дилема. Ако ми понудат нов договор за да останам уште 10 години, би го потпишал без да видам што пишува во него“, истакнува Талант Дујшебаев.

Киелице убедливо ја стартуваше новата сезона во Лигата на Шампионите, на домашен терен декласирајќи го норвешки Колстад со 38-27.

Се вчитува...