Хрватска приреди големо изненадување откако на стартот на ЕП 2024 ја понижи селекцијата на Шпанија со убедливи 39-29. Хрватите предводени од селекторот Перковац одиграа неверојатен меч во кој доминираа од почеток до крај.
Еден од најдобрите шпански ракометари, Алекс Дујшебаев по мечот изјави дека не се сеќава Шпанија да одиграла вака лош натпревар.
„Хрватска беше подобра во се, не се сеќавам кога сме имале ваков ден. Не можевме да направиме ништо. Арената беше како да играме во Хрватска. Сега треба да ги опуштиме главите и да продолжиме, да го добиеме следниот меч, па што ќе биде – ќе се случи. Ова е само почеток на Европското првенство. Не е многу добро за нас, но не се откажуваме“, изјави Алекс Душебаев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

