Дупјачанец и Лазаревски уште една година во Металург

Раководството на Металург успешно ги финишираа преговорите со Даниел Дупјачанец и со Милан Лазаревски, задржувајќи ги искусниот голман и перспективниот пивот во тимот за следната сезона.

“Милан Лазаревски и Даниел Дупјачанец ги продолжија своите договори и им се придружија на играчите кои имаат валидни договори. Во наредните денови ќе им бидат понудени нови договори и на некои од преостанатите ракометари чии договори истекуваат. На првиот тим ќе му се приклучат и најдобрите поединци од помладите категории, а во тек се и преговори со нови играчи, кои ќе ја засилат екипата за сезона 2020/21“, вели претседателката на Металург Зорица Блажевска.

„Металурзите“ информираат дека валидни договори за следната сезона имаат и Мартин Серафимов, Иракли Кбилашвили, Маријан Мариќ, Лука Вујовиќ, Дарко Кондев, Стефан Додиќ и Михајло Младеновиќ. Клубот во овој момент го напушти само Марио Танкоски, кој кариерата ќе ја продолжи во таборот на Пелистер.

Се вчитува...