Дупјачанец: Треба да сме горди, заслужено го победивме Вардар

Даниел Дупјачанец дојде во Металург среде сезона, но со своето искуство ја внесе неопходната сигурност во одбраната на скопскиот клуб. Токму тој беше херојот на вечерашната сензационална победа во финалето од Купот на Македонија против Вардар, бранејќи одлично во 60-те минути игра, а потоа и запирајќи ги седмерците на Чупиќ и на Дибиров во пенал-рулетот.

„Бевме премногу нервозни на почетокот, почнавме во грч, но како што одминуваше времето, така се повеќе добивавме на сигурност. Емоциите се измешани, треба да сме горди, заслужено го победивме Вардар, честитки до соиграчите и управата“ – кратко изјави Дупјачанец по својата маестрална партија во Куманово.

Се вчитува...