Дуплантис го сруши сопствениот рекорд во скок со стап (ВИДЕО)

Арманд Дуплантис, шведскиот атлетичар во скок со стап, постави нов светски рекорд на отворањето на Дијамантската лига во кинескиот град Ксијамен. Тој практично го сруши сопственикот рекорд поставен минатата година.

Лани во американскиот Јуџин постави нов рекорд од 6 метри и 23 сантиметри, а овој пат беше подобар за еден сантиметар, односно 6,24 метри, и тоа го прескокна во првиот обид.

Го започна натпреварувањето со 5,62, а после 5,82, па 6 метри пред да го постави новиот светски рекорд, осми во дисциплината. Зад него беше Сам Хендикс со дури 41 сантиметар помалку.

Се вчитува...