Арманд Дуплантис е добитник на главната награда „Лауреус“ за најдобар спортист во 2024 година, што на шведскиот атлетичар му беше врачена од страна на Новак Ѓоковиќ на церемонијата што се одржа во Париз.
Дуплантис 11 пати во кариерата го уриваше светскиот рекорд во скок со стап, продолжи да доминира и минатата година, по што заслужено се закити со големото признание. Негови ривали во трката беа Карлос Алкараз, Тадеј Погачар, Макс Ферстапен и пливачот Леон Маршан, но Дуплантис доби најмногу гласови и победи во оваа трка.
Наградата за најдобар тим во 2024 година заврши кај Реал Мадрид, додека признанието за откровение на годината замина кај фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, кој беше меѓу најзаслужните за триумфот на Шпанија на ЕВРО 2024.
Признанието за животно дело оваа година замина во рацете на 53-годишниот американски сурфер Кели Слејтер, a наградата за спортски камбек во 2024 година заврши во рацете на бразилската гимнастичарка Ребека Андраде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА