Шведскиот атлетичар и светски рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис, или познат како Мондо, го постави својот деветти светски рекорд во дисциплината. Тој забележа 84 успешни обиди над 6 метри во оваа дисциплина. Вчера во Париз на Олимписките игри во третиот обид скокна 6,25 и го сруши сопствениот светски рекорд, кој го постави на Дијамантската лига од 6,24.
Дуплантис призна дека не го послушал неговиот татко Грег, кој воедно му е тренер уште од мала возраст.
„Реално, не го послушав татко ми. Првите обиди ги направив со стап со тврдост од 70. Тој ми рече да земам со 60. Јас земав 62. Чувството ме натера да го земам помекиот, и на крајот успеав“, рече Арманд.
Од рекордот е воодушевен и поранешниот скокач, легендарниот Сергеј Бубка.
„Тоа е историја. Нешто неверојатно. Ќе биде се потешко да се сруши светскиот рекорд, затоа што тоа е исклучително голема висина“, рече Бубка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА