Колумбиецот Џон Дуран игра одлично на стартот на новата сезона и еден од најдобрите голгетери во најсилните европски фудбалски првенства со шест гола зад своето име.
Со одличната форма голгетерот на Астон Вила го привлече вниманието на најдобрите европски екипи па следеше и експресна реакција од страна на премиерлигашот кој му понуди нов, побогат договор со важност до 2030 година.
Дваесетгодишникот се пресели во европскиот фудбал во јанури 2023 година. Досега настапи на 59 натпревари за Астон Вила постигнувајќи 14 голови.
Jhon Durán. 2030. Aston Villa. pic.twitter.com/Q2HAoFuIV5
— Aston Villa (@AVFCOfficial) October 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА