Дуран не одолеа на арапските пари, па се приклучи на Роналдо – Најскап колумбиски фудбалер во историјата! (ВИДЕО)

Досегашниот фудбалер на Астон Вила, колумбискиот напаѓач Џон Дуран, не им одолеа на арапските пари па и официјално промовиран во редовите на саудискиот Ал Наср, приклучувајќи се на клубот на Кристијано Роналдо и Садио Мане.

21-годишниот напаѓач, кој ќе го носи дресот со број девет во тимот од Ријад, се сели во Ал Наср за трансфер од 65 милиони фунти. Дуран, пак, во новиот клуб ќе добива пет пати поголема плата. Во Астон Вила заработуваше 3,9 милиони евра годишно, додека во Ал Наср ќе инкасира 20 милиони евра по сезона, што го прави најскапиот колумбиски фудбалер во историјата.

Дуран беше резервист во Астон Вила, со оглед на тоа што Воткинс добиваше предност, па не размислуваше многу да ја прифати богатата понуда на Саудијците. Во дресот на Астон Вила Дуран одигра 55 натпревари и постигна 12 голови.

Се вчитува...