Дурант го повреди коленото, во „аут“ до крај на сезоната!? (ВИДЕО)

Бруклин ја запиша 18-та победа во последните 20 натпревари во НБА лигата, сега против Мајами од 102-101.

Но, сето тоа донекаде го расипа повредата на Кевин Дурант, кој токму изминатава ноќ стана 14-ти стрелец на сите времиња во НБА лигата.

Дурант со 26.684 поени во 14 години и 978 натпревари го прескокна Доминик Вилкинс на листата на најдобрите стрелци. Претпоставке е дека, со постоечкиот просек, до крајот на сезоната може и до Топ 10 на вечната листа. Но, сега е прашање колку ќе може да игра до крајот на сезоната поради повредата на коленото која ја заработи во третата четвртина после падот на Џими Батлер врз него.

По повредата не се враќаше на паркетот, а дополнителните анализи денеска ќе ја увтрдат тежината на повредата. До повредата имаше 17 поени и пет скока.

Десетто место на листата на најдобрите стрелци е за Мозес Мелоун со 27.409 поени.

Се вчитува...