Феникс дојде до триумф од 130-126 против Далас во интересен натпревар во НБА лигата, во кој порасположен беше двоецот Кевин Дурант и Девин Букер наспроти Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.
Мечот беше главно израмнет со предност за Далас од три поени на полувремето (62-59). Далас во одредени моменти во третиот период имаше и осум поени предност, но во последната четвртина Феникс со пресврт дојде до победа.
Дурант го одигра најдобриот натпревар откако дојде во Феникс, постигнувајќи 37 поени, дополнети со седум скока. А, Букер заврши со 36 поени и 10 асистенции.
Кај Далас, Лука Дончиќ имаше 34 поени и 9 скока, а Ирвинг запиша 30 поени, дополнети и со седум асистенции.
За Феникс ова беше трета едноподруго победа, и сега се на четвртото место во Западната конференција со 36 победи и 29 порази, додека Далас е седми со 33 победи и 32 порази.
Ова беше прв меч од денешната програма во САД. Во моментов активни се и натпреварите Чикаго – Индијана и ЛА Лејкерс – Голден стејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

