Дурант и Шенгун ја добија големата битка со Јанис (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон рокетс им се вратија на победите во НБА лигата сезонава откако во најинтересниот натпревар синоќа со фуриозна последна четвртина во која постигнаа 40 поени славеа на гостувањето кај Милвоки бакс со 115-128.

Најдобар поединец во таборот на победникот беше Кевин Дурант кој мечот го заврши со 31 поен, додека Алперин Шенгун додаде 23 поени. Кај поразените Јанис Адетокумбо уфрли 37 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Њујорк – Бруклин 134-98, Орландо – Бостон 107-111, Мемфис – Оклахома 100-114, Филаделфија – Детроит 108-111, Голден Стејт – Индијана 114-83 и Сакраменто – Минесота 117-144.

Се вчитува...