Кошаркарите на Голден стејт, актуелниот НБА шампион, направија брејк во Њу Орлеанс и стигнаа до чекот од финалето во Западната конференција. Во четвртиот меч Вориорси славеа со 92-118 доаѓајќи до водство од 3-1 во серијата која сега се враќа во Оукленд.
Голден стејт одигра одлична одбрана, а во нападот едноставно незапирлив беше Кевин Дурант. „Воините“ првата четвртина ја добија со 22-37, потоа домашните возвратија во следната, но дефинитивниот победник го одлучи третиот период во кој гостите стигнаа и до +20.
Кевин Дурант доминираше на натпреварот со 38 поени, дополнети и со 9 скока и пет асистенции, додека Стеф Кари мечот го заврши со 23 поени. Томпсон дополни со 13 постигнати поени.
На спротивната страна, очекувано најдобар беше Ентони Дејвис со „дабл-дабл“ од 26 поени и 12 скока.
Петтиот натпревар се игра со среда наутро, од 4:30 часот по средноевропско време во „Оракл арената“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА