Дурант: Јокиќ е еден од најголемите на сите времиња!

Денвер го победи Феникс со 125-100 во шестиот натпревар од полуфиналето во Западната конференција и со 4-2 во серијата си обезбеди конференциско финале. И повторно, секако, на крилјата на брилјантниот Никола Јокиќ кој запиша уште еден „трипл-дабл“, завршувајќи со 32 поени, 10 асистенции и 12 скока.

Серијата против Феникс ја заврши со 34,5 поени, 13,2 скока и 10,3 асистенции во просек што е нешто неверојатно. Само тројца кошаркари во историјата одиграле серија со „трипл-дабл“, а да постигнале повеќе од 30 поени во неа. Покрај Јокиќ, уште и Расел Вестбрук во 2017 година и Леброн Џејмс истата година. Никола Јокиќ е и петтиот играч во историјата со 11 „трипл-дабл“-ефекти во натпреварите од доигрувањето.

Сето тоа е воодушевувачки и за големиот Кевин Дурант кој не штедеше пофални зборови за Србинот по мечот.

„Секогаш носам почит кон него и секогаш знаев и знам колку голем играч е. Сум играл и порано против него, и не може да кажам дека сега од оваа серија дознав нешто ново. Денвер е одличен тим со неверојатен континуитет… А, Јокиќ? Еден од најдобрите на сите времиња во историјата на кошарката. Ќе замине во историја како еден од најдобрите центри на сите времиња кои допреле топка“ – вели Дурант.

Се вчитува...