Дурент и Букер го изнафалија Јокиќ по историската партија

Никола Јокиќ со златни букви се запиша во историјата на НБА лигата како првиот центар кој успеал да ја надмине границата од 50 постигнати поени и 10 забележани поени на еден плеј-оф натпревар. Србинот изминатата вечер броеше до 53 и 11 со поразот на неговиот Денвер.

На противничката страна во дресот на Феникс блеснаа Кевин Дурент и Кевин Букер кои комбинираа 72 поени, а и не ги штедеа зборовите говорејќи за Јокиќ.

„Тој е неверојатен, силен и не промашува. Кога гледате како ја фрла топката мислите дека нема да погоди, а тој лесно постигнува поени. Неверојатно“, вели Дурент.

„Многу тежок противник. Или погодува или ги разигрува соиграчите. Со секоја одбрана се обидуваме да му отежниме, а денеска постигна 53. Без разлика на тоа, нас ни е важно да победиме. Денеска го направивме тоа“, вели Букер.

Се вчитува...