Дурент ја засени добрата партија на Јокиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер загубија од Феникс после продолженија со 117-107. Екипата на Јокиќ беше цело време во негатива, но на крајот успеа да го избегне поразот во регуларниот дел, но не и во продолженијата, каде немаа сила за целосен пресврт.

Најефикасен на мечот беше Кевин Дурент со 35 поени, а Јокиќ имаше „дабл-дабл“ учинок, со 25 поени и 16 скокови, а притоа запиша и пет асистенции.

Српскиот ошаркар на крајот му се налути на тренерот Мајкл Мелоун, кој не побара челенџ при една спорна ситуација.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Атланта – Њујорк 116:100
Детроит – Мајами 100:118
Филаделфија – Бруклин – 107:112
Сан Антонио – Хјустон 101:114
Индијана – Далас 137:120
Бостон – Кливленд 104:105
Њу Орлеанс – Торонто 139:98
Орландо – Шарлот 101:89
Феникс – Денвер 117:107 (после продолженија)

Се вчитува...