Повеќето неуспеси во низа на кошаркарската репрезентација на Соединетеите американски држави ќе ги врати најголемите НБА ѕвезди во репрезентативните бои на престојните Летни олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Париз.
Присуство најавија и Леброн Џејмс и Кевин Дурент, а со оглед на годините „Кралот“ се очекува да му ја препушти водечката улога на четири години помладиот шутер од Феникс кој пак говорејќи за американските медиуми имаше интересна изјава велејќи дека сака светот да ја почувствува вистинскта доминација.
„Ќе се обидам да играм клучна улога во тимот, но ќе ни биде потребно да се соединиме и да дадеме се од себе на тренинзите. Јас сум подготвен за тоа и едвај чекам повторно да го облечам дресот на САД покрај моите браќа.
Интересно ќе биде повторно да бидеме најдобрите на едно место. Ајде да го освоиме златниот медал и да докажеме дека сме доминантни. Да победуваме со по 40, 50 разлика. Тоа го сакам“, изјави Дурент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

