Дури 13 од 36 професионални клубови во двете најсилни германски лиги се пред банкрот поради пандемијата на коронавирусот.
Како што пренесува „Кикер“, 13 клубови и официјално пријавиле тешки финансиски загуби поради кои едноставно тешко ќе се спасат доколку фудбалот не продолжи во најскоро време. Но, Бундеслигата нема да се игра најмалку до 30. април, а тешко е да се верува и дека ќе продолжи пред 15. мај.
„Ако тоа остане така, тогаш ние со сигурност нема да може да ја продолжиме сезоната. Ниту една помош не може да не спаси ако нема фудбал до 15. мај“ – велат клубови од втората германска лига.
Фудбалската федерација на Германија побара сите клубови да испратат финансиски извештаи за месец март и април, како би можела да помогне. Според „Кикер“ досега помош побарал само еден бундеслигаш, додека останатите 12 клуба се од Втората Бундеслига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА