На 15.000 аргентински навивачи ќе им биде забрането да дојдат на Светското клупско првенство што ќе се одржи во САД од 14. јуни до 13. јули годинава.
Аргентинската министерка за безбедност Патриша Булрих во понеделникот и предаде на американската амбасада во Буенос Аирес список од 15.000 насилни фудбалски навивачи на кои ќе им биде забранет влез на стадионите за време на претстојното Светско клупско првенство.
Аргентинските Бока Јуниорс и Ривер Плејт, како и уште 30 екипи од целиот свет ќе учествуваат на проширениот турнир кој ќе се одржи на американско тло.
„Списокот вклучува повеќе од 15.000 луѓе на кои ќе им биде забранет влез на стадионите. Ова е исклучително важно за нас бидејќи ниту еден насилен човек кој извршил какво било кривично дело на аргентинските стадиони нема да може да присуствува на овој спортски настан“, изјави Булрих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

