Штутгарт е единствената екипа во Бундеслигата која нема победа во оваа сезона, а вчера му се заблагодари на тренерот Пелегрино Матарацо. Тој пред мечот со Унион Берлин имаше ултиматум дека мора да го совлада лидерот. Но, откако не успеа (неговиот тим загуби), разделбата со Матарацо беше неминовна.
Тимот кој пет пати ја освојуваше титулата во Германија, се најде на претпоследното место. Летово продаде неколку играчи меѓу кои и нашиот Дарко Чурлинов. Екипата има талент, но недостасува квалитет. Барем такви се анализите на германските стручњаци.
Сега во опција се пет имиња за наследник на Матарацо. Сите пет имаат искуство со водење екипи во Бундеслигата. Станува збор за Доменико Тедеско кој до неодамна беше тренер во Лајпциг, екс тренерот на Ајнтрахт и Борусија М. Ади Хитер, потоа Себастијан Хенес, досегашниот тренер на Баер Л. Херардо Сеоане и поранешниот предводник на Борусија Д. Питер Бош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

