Според поголемиот број на експерти, Пјерлуиџи Колина важи за еден од најдобрите судии, ако не и најдобриот во историјата на фудбалот.
Легендарниот италијански арбитер сега е главен на судиите во Европа, а во едно интервју откри тајна од финалето на Светското првенство во 2002 година.
„На финалниот меч меѓу Бразил и Германија намерно оставив да се играат 20 секунди повеќе од судиското продолжение, а тоа беше за да се осигурам дека ќе бидам блиску до топката. Кога беше така, свирнав и веднаш тргнав да ја земам. Таа е една од најскапоцените работи кои што ги имам во мојата колекција“, изјави Колина.
За потсетување, на тоа финале Бразил ја совлада Германија со 2-0 и стигна до својата петта и засега последна титула од Мундијалите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА