Македонија ЃП го одбрани Куп трофејот, откако во финалето по изведувањето на пенали го совлада тимот на Струга ТЛ, и не му дозволи да се радува на двојна круна.
Тренерот на поразените Шпетим Дуро по мечот вели дека биле подобар противник во 120 минути, но не успеале да стигнат до триумф…
„Ако еден тим стигнал во финале, мора да има квалитет. И честитам на Македонија ЃП за титулата, тим кој многу го почитувам. Мислам дека бевме доминантни во 120 минути, но примивме гол во првото полуврем кој на крајот се покажа како клучен. Израмнивме и сакавме да постгнеме уште еден гол, но на крајот не успеавме. Секако дека трениравме пенали, но најинтересно е што на тренинг ниту еден пенал не промашивме. Не можевме ниту да помислиме дека може тоа да ни се случи“, изјави Дуро.
Слично размислува и Фламур Таири…
„Бевме подобар противник денеска, но немавме среќа да ја завршиме работата во 120 минути. Пеналите се повеќе среќа така да на крајот сакам да им честитам титула на противниците“, изјави Таири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА