Дуро: Играме одлично – во одбрана не примаме голови, во напад сме ефикасни

Струга Трим Лум со победата над Брегалница, одново се одлепи на табелата пред конкурентите. На четири кола до крајот, стружани имаат се во свои раце за историска прва титула во историјата.

Тренерот Шпетим Дуро е задоволен од играта на својата екипа во последно време. Тој вели дека против Брегалница, екипата изгледала идентично како и претходно – одлична во дефанзива, и ефикасна во офанзива.

„Одигравме многу добар натпревар од сите аспекти, и во дефанзива и во офанзива. Јасно е дека доминиравме и таа доминација на крајот ја претворивме со победа од три гола. Генерално, сите натпревари се идентични еден на друг, одигравме многу добри натпревари, постигнавме многу голови, а од друга страна примивме неколку голови. Головите ги поделија сите фудбалери на напаѓачката линија, особено најистакнат е најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, даваа голови и Мухареми, Малески… напаѓачки средни играчи се Шабани и Бојку, додека денеска за првпат погоди и Радески. Тоа е нешто позитивно за напаѓач, но и за нас како тим“ – изјави тренерот Шпетим Дуро.

Се вчитува...