Дуро: Многу важна победа против Воска

Струга Трим Лум ја забележа четвртата последователна победа во првенствените натпревари искачувајќи се на втората позиција веднаш по Шкендија. Избраниците на тренерот Шпетим Дуро денеска во Охрид го славеа против Воска со 0-1 во заостанатиот натпревар од четвртото коло.

Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше напаѓачот Марјан Радески. Тренерот на стружани Шпетим Дуро вели дека оствариле многу важна победа.

„Секој натпревар има свои тешкотии. Така беше и денеска против Воска спорт против која екипа остваривме победа. Заслужена и многу важна победа би рекол. Во последните 20 минути инсистиравме на гол, кој дојде особено по измените и влегувањето во игра на Мазраки“, изјави Дуро. 

Се вчитува...