Македонскиот шампион Струга ТЛ утре од 17 часот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе го пречека Жалгирис во реванш средбата од првото коло во квалификациите за Лигата на Шампионите.
По поволното реми без голови од Литванија, предводникот на стружани, Шпетим Дуро одново не го криеше задоволството од настапот, но одново фаворитската улога му ја препиша на литванскиот шампион со оглед на искуството во европските натпреваруања.
„На првиот натпревар одигравме добро, можам да кажам дека и резултатот беше прифатлив. Уште претходно кажав дека се играат два натпревари, ништо не се знае и ништо не е готово.
Ние како тим не летаме премногу, дури сме многу скромни од сите аспекти и од сите гледишта. Знаеме дека противникот има големо искуство во европските натпревари, па затоа повторно ќе кажам дека Жалгирис по многу гледишта е фаворит, како искуство, буџет кој е 20 пати поголем од оној на Струга. Се надевам на полн стадион и голема поддршка“, вели Дуро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА