Дуро: Против Шкендија утре на позитивен резултат, очајниот терен во Чаир ни пресуди

Струга ТЛ утре од 14 часот во Тетово ја очекува заостанатиот натпревар од Првата лига против Шкендија.

Стружани по поразот од Шкупи во неделата сега и тоа како посакуваат позитивен резултат како би останале во трката за самиот врв на табелата.

„Не може да бидеме задоволни од средбата на Чаир, затоа што поразот и не е најреален приказ на тоа што се случуваше на терен. Бевме подобри во првото полувреме, а потоа се случија индивидуални потези кои пресудија. Она што сакам да го кажам е дека и условите не беа добри, теренот беше во крајно скандалозна состојба која не ни дозволуваше нормално да играме фудбал, противникот подобро се аклиматизираше, особено во вториот дел“ – вели тренерот на Струга, Шпетим Дуро, осврнувајќи се на утрешниот дуел со тетовци.

„Шкендија е нов голем предизвик за нас. Краток е периодот за адаптација пред новиот дуел, но верувам дека ќе пружиме максимално издание кое ќе не доведе до позитивен резултат“ – дополнува Дуро.

Се вчитува...