Тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро, не го криеше разочарувањето по поразот на домашен терен од Жалгирис што значеше и елиминација од квалификациите за Лигата на Шампионите.
Стружани беа на прагот на следната рунда кога поведоа со голот на пенал на Ибраими, но потоа малиот пад на концентрацијата во одбранбената линија придонесе Жалгирис за само неколку минути да направи целосен резултатски пресврт.
„Заслуживме повеќе, бидејќи одигравме квалитетно на двата натпревара, а сме елиминирани. Цел меч бевме на добро ниво, постигнавме гол на време. Во тој момент требаше да почнеме со моментите, но направивме грешка и го примивме првиот гол. Се случи тоа што се случи, навистина сме разочарани“, изјави Дуро.
Европската авантура на Струга ТЛ ќе продолжи со двомеч против црногорскиот претставник Будуќност во квалификациите за Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА