Тренерот на Струга Трим Лум, Шпетим Дуро, зборуваше за Жалгирис, противникот во Лигата на шампионите на стружани во 1. квалификациско коло во најелитното европско натпреварување.
Дуро кажа дека литванскиот тим е многу силен, и потсети ддека лани оваа екипа го елиминираше шведски Малме од Европа, додека Струга е само дебитант во ЛШ.
„Добивме екипа која има многу искуство на меѓународна сцена, особено во Лигата на шампионите, додека ние сме дебитанти во ова натпреварување. Тоа е противник кој минатата сезона го елиминираше тимот на Балкани, а треба да го цениме затоа што го елиминираше и шведскиот тим Малме. Тоа покажува дека станува збор за тим со многу квалитет“, рече Дуро.
Тренерот на Струга воедно кажа дека тимот покрај Мазрекај, Идризи и Јаровиќ може да добие уште некое засилување за Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА