Душан Тадиќ бил ограбен пред својот дом во Амстердам!

Душан Тадиќ, капитенот на фудбалската репрезентација на Србија и на Ајакс, бил ограбен среде улица во Амстердам. Србинот откако излегол од својот автомобил, на улицата Ван Егенштрат, пред неговиот дом, од заседа го нападнале две лица со кациги.

Тадиќ за момент почнал да бега, но не успал во целост, па имал контакт со нив при што ја повредил едната рака. По некое време побегнал во некој угостителски локал, во близина и го пријавил случајот во полиција, вака пренесуваат српските медиуми од изворот „Де Телеграф“.

Според истиот, ова не е прв случај на напад врз семејството Тадиќ. Во друга пригода, двајца со шлемови дошле на влезната врата од неговиот дом, претставувајќи се дека се доставувачи на пијалак. Тадиќ тогаш не бил дома, а неговата сопруга не им отворила.

Тадиќ живее во Амстердам од 2018 година, кога потпиша за Ајакс, доаѓајќи од Саутемптон. Оттогаш стана капитен на некогашниот европски шампион, со 128 меча и 66 гола досега.

Се вчитува...