Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ не блеска оваа сезона во дресот на „копјаниците“, а според информациите од Италија, не е исклучено тој да се пресели во Серија А во последниот ден од зимскиот преоден рок.
Новинарот Николо Скира објави дека Рома е заинтересирана за српскиот репрезентативец, кој има договор со холандскиот гигант до летото 2024 година.
Клубот од Рим ќе реагира само доколку Николо Заниоло кој е на мета на Лидс и Бормуг го напушти „Олимпико“. Скира тврди дека Рома веќе ги договорила личните услови за соработка со Тадиќ за договор на две и пол години.
Од Холандија пристигнуваат информации дека не е невозможно Ајакс да го пушти 34-годишниот Србин, туку дека проблемот може да биде тајмингот, односно неможноста да се реагира на пазарот и да се донесе соодветна замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА