Душан Тадиќ пред потпис со Олимпијакос

Поранешниот капитен на срспката репрезентација Душан Тадиќ, е многу блиску до нов ангажман. Според грчките медиуми, тој е блиску до потпис со гигантот од Атина, Олимпијакос.

И покрај тоа што се шпекулираше за Црвена Звезда, сепак, за Тадиќ сега не е опција враќање во својата родна земја. Олимпијакос според турските медиуми, ќе му понуди плата од четири милиони евра годишно, со договор на две години, што треба да биде доволно Србинот да се пресели во Пиреја.

Тадиќ исто така има на маса и понуди од Саудиска Арабија, но тој донесе одлука да не си заминува од Европа. Во минатото Тадиќ играше за Војводина, Гронинген, Твенте, Саутемптон, Ајакс, пред да се пресели во Фенербахче.

Се вчитува...