Душан Влаховиќ донесе српско славеје во Црна Гора (ВИДЕО)

Србија со сто отстотен учинок ги започна квалификациите за ЕВРО 2024 откако славеше на гостувањето кај Црна Гора со 0-2 за втор триумф во мартовската репрезентативна пауза.

„Орлите“ стигнаа до предност преку Душан Влаховиќ кој во 78. минута од натпреварот одлично се најде во шестнаесетникот, а голманот Мијатовиќ немаше шанса да го одбрани неговиот удар, за напаѓачот на Јувентус да ја запечати победата со гол во шесттата минута од судиското продолжение.

Унгарија забележа убедлива победа на домешен терен против Бугарија со 3-0 во натпревар во кој сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Во останатите натпревари:

Австрија – Естонија 2-1
Ирска – Франција 0-1
Молдавија – Чешка 0-0
Полска – Албанија 1-0
Шведска – Азербејџан 5-0
Холандија – Гибралтар 3-0

Се вчитува...