„Душан Влаховиќ е нашата иднина“

Директорот на Јувентус, Франческо Калво изјави дека клубот од Торино ќе гради тим околу српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Италијанските медиуми често шпекулираат дека Србинот ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок, но Калво децидно порача дека Душан Влаховиќ е централна фигура на торинскиот клуб.

„Влаховиќ е централната фигура на нашиот проект, тој е нашата иднина и нема сомнеж во тоа. Тој допрва треба да го покаже најдоброто од себе и секој ден гледаме колку навистина сака да напредува, што ни дава надеж за иднината. Ова не е најдобриот период за Јувентус, но уверени сме дека ќе продолжиме напред“, изјави Калво.

Се вчитува...