Баерн Минхен по пропаднатите преговори со Тотенхем за трансфер на Хари Кејн го промени интересот и најде нова топ трансфер мета во српскиот интернационалец Душан Влаховиќ, пренесуваат француските медиуми.
Германскиот гигант веќе и започнал преговори со Јувентус за откуп на Србинот и за истото се подготвени да ја издвојат и бараната цена на Италијанците од 80 милиони евра.
Влаховиќ кој потекнува од младинската школа на Партизан најголемиот дел од својата кариера ја помина во Италија е дел од Јувентус од јануари 2022 година. Досега настапи на 63 натпревари за „старата дама“ на кои 23 пати ја затресе мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА