Душан Влаховиќ мета на шпански великан

Српскиот репрезентатиевец Душан Влаховиќ мора да замине од лето од редовите на Јувентус доколку торинскиот клуб сака да врати барем дел од издвоената сума на негов трансфер со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот на следната сезона и не постои интерес ниту од клубот, ниту од фудбалерот да продолжување на соработката.

За ангажман на голгетерот ова лето желба изразија повеќе клубови од топ 5 првенствата во Европа, но неговите преголеми финансиски барања го стишија интерсот.

На неполн месец до крајот на преодниот рок неговата иднина се уште е неизвесна, но наскоро би можел да се најде купец за Србинот со оглед на интересот кој го покажа Атлетико Мадрид.

Според шпанските медиуми, во последните денови се водат интензивни преговори и тој е голема желба на тренерот Диего Симеоне кој во него гледа идеална замена за Александер Сорлот.

Се вчитува...