Душебајев доаѓа во Пик Сегед, со себе го носи и пола тим на Киелце

Се е подготвено за нова „ракометна бомба“, откако Талант Душебајев се согласил на преселба во Унгарија, и тоа на клупата на Пик Сегед. Шпанскиот стручњак го загуби трпението по сериозните финансиски проблеми на Киелце и реши летово да си замине од клубот, но и со себе да доведе дел од најдобрите играчи на полскиот шампион.

Информацијата ја објави унгарски „Еуроспорт“, тврдејќи дека е потврдена и полски извори, но за официјализација ќе се чека и конечната објава од Киелце дека клубот од следната сезона ќе настапува со значително намален буџет.

54-Годишниот Душебајец се договорил на соработка на три години во Пик Сегед, а заедно со него ќе дојде и поранешниот „вардарец“, неговиот син Алекс Душебајев, кој важи за еден од најдобрите десни бекови во европскиот ракомет. Француските крила Дилан Наи и Беноа Кунку исто така ќе дојдат од Киелце во Пик Сегед заедно со Душебајев, за менувајќи го Блонц и Радивојевиќ, кои веќе најавија дека ќе си заминат од унгарскиот тим.

Пивотот Турна ќе биде задолжен за борба на линијата од шест метри, а најинтересно е што Сегед е пред потпис и со голманот Андреас Волф, и тоа амо на една година бидејќи Германецот веќе има потпишано од 2024, и тоа во лутиот ривал Веспрем.

Се вчитува...