Алекс Душебајев е единствениот претставник на Вардар во дрим-тимот од групата Б во Лигата на шампионите, во изборот што попладнево го објави Европската Ракометна Федерација преку својот јутјуб-канал.
„Вардарци“ во голем стил стигнаа до првото место во незгодната група, но сепак имаат само еден свој играч во дрим-тимот, Душебајев како десен бек. Само за споредба, европскиот првак Кјелце има тројца свои претставници, и тоа Агинагалде, Бјелецки и голманот Ивиќ, кој е избран пред Арпад Штербик и покрај одличните одбрани во ЛШ.
Џери Толбринг, кој следното лето ќе го наследи Дејан Манасков во Некар Левен, е избран за најдобро лево крило по добрите игри во дресот на Кристијанштад, а дрим-тимот на групата Б го комплетираат Анди Шмит и Блаж Јанц.
ДРИМ-ТИМ НА ГРУПАТА „Б“ ОД ЛШ
Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
Лев бек: Карел Бјелецки (Кјелце)
Среден бек: Анди Шмит (Некар Левен)
Десен бек: Алекс Душебајев (Вардар)
Десно крило: Блаж Јанц (Целје)
Пивот: Хулен Агинагалде (Кјелце)
Голман: Филип Ивиќ (Кјелце)
[youtube id=”Qm-NojgSOYM” width=”640″ height=”380″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА