ЕКИПА во Брест,
Томас Ѓоргиевски
Ракометарите на Вардар попладнево го одржаа својот тренинг во Брест, како последна подготовка пред утрешниот полуфинален дуел со екипата на Загреб. Алекс Душебајев повторно ќе биде еден од главните адути на „црвено-црните“, но десниот бек на „вардарци“ е свесен дека Загреб е максимално сериозен ривал против кого секој пад на концентрација може скапо да биде платен.
„Мислам дека Загреб е одлична екипа која во секој случај ќе ја сфатиме многу сериозно. Хрватскиот тим има квалитетни млади играчи кои веќе одиграа квалитетни натпревари против нас, од друга страна имаат и искусни ракометари кои освоиле бројни титули и знаат како се играат ваквите нокаут пресметки. Мислам дека утре мораме да одиграме најдобро што можеме ако сакаме да победиме. Најважно од се е да се подготвиме за нивната одбрана, која е многу цврста и тешка да е пробие“ – вели Алекс Душебајев, за кого ова ќе биде последен Ф4 турнир од СЕХА-лигата, со оглед на фактот дека по завршувањето на сезонава се сели во редовите на Кјелце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА