Македонската спортска јавнот е во еуфорија по фантастичната игра и победата на Вардар во Фленсбург, но стручниот штаб и ракометарите не дозволуваат да летнат во облаци бидејќи работата мора да биде финиширана на реваншот во Скопје за остварување на големиот сон – „црвено-црните“ конечно да заиграат на фајналфор турнирот во Келн.
„Одигравме добро вечерва. Сите од тимот одиграа добро. Ова е само прв дел. Ние сме само 50 отсто поблиску до Ф4, но во Скопје знаеме дека ќе биде исто тешко. Флензбург има добар тим. Тие играа добро и верувам ќе имаме уште еден неизвесен натпревар“ – изјави Алекс Душебајев по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА