Душебајев: За Македонија ме врзуваат само убави спомени, знам колку вредат сите тие момци…

Алекс Душебајев е добро познато име за македонската ракометна јавност. А, и Македонија и нејзиниот ракомет и тоа како се добро познати за Шпанецот со руско потекло кого вечерва од 20:30 часот го чека пресметката против поранешниот свој тренер од Вардар, Раул Гонзалес и момците кои, како што вели, и тоа како вредат.

„За Македонија ме врзуваат само убави спомени од периодот на настапи во Вардар. Добро знам колку е сакан ракометот во таа земја и со какви квалитетни ракометари располага македонската селекција“ – вели Душебајев за шпанските медиуми пред денешниот дуел на СП 2019.

Не ги штеди пофалните зборови ниту за македонскиот селектор Раул Гонзалес…

„Тој е веќе докажано одличен стратег кој знае да го извлече максимумот од секој тим. Ќе биде тежок натпревар и покрај тоа што некои можеби очекуваат дека лесно ќе минеме на овој меч. Знам колку ракометно вредат Стоилов и сите тие репрезентативци на Македонија против кои сум играл. Верувам дека ќе бидат убав, атрактивен натпревар“ – вели Душебајев.

Се вчитува...