Македонската ракометна репрезентативка Душица Ѓоргиевска летово ќе ги промени клупските бои откако постигна договор со раководството на Измир. Ѓоргиевска минатата сезона настапуваше за Загнос, летово доби неколку интересни понуди, избирајќи ја онаа од Измир.
Оваа 31-годишна ракометарка во кариерата има натапувано за Стружанка, Металург, Кометал ЃП, Еуростандард ЃП. Таа веќе неколку сезони настапува во Турција, а пред Беледијеспор го има носено и дресот на Полати и на Муратпаша.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА